| четврток, 6 декември 2018 |

280.000 евра за здравјето на Мартин: ФЗОМ одобри лекување во странство

Откако определени веб портали и социјални мрежи повикаа за донации Фондот за здравствено осигурување на Македонија информира дека се одобррени средства за лекување во странство на 18-месечниот Мартин Мицев.

Третманот во Германија изнедува 280.000 евра, а Фондот ќе го покрие целото лекување.

„Решението веќе им е предарено на родителите, а на Мартин му посакуваме побрзо излекување и закрепнување“, стои во соопштението.

Фондот и понатаму продолжува посветено да работи на обезбедување на квалитетни здравствени услуги на осигурените лица.

За Мартин донираа и добрите луѓе и организации кои учествуваа на донаторската акција во организација на Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Повеќе од милион и триста илјади денари ќе бидат донирани за лекување на 18-месечното бебе, на кое му е дијагностицирана исклучително ретка болест ембриобластен тумор на мозокот.

Бебето Мартин Мицев неодамна е оперирано во Македонија и ќе следува негов постоперативен третман на клиника во Германија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top