Кога ќе прочитате дека некого го каснало куче, веднаш помислувате на кучињата кои ги перцепираме како агресивни. Но, како што многу сопственици на кучиња знаат, не се опасни тие, туку запоставените и кучињата за кои никој не се грижи. Кучето кое најверојатно ќе ве нападне е токму тоа, а не она кое делува опасно, а е негувано.
Сепак, ако треба да се избере најголемиот гризач меѓу негуваните, повторно та не се ротфајлерот или булдогот, туку, лабрадорот, омиленото и највеселото милениче на секое семејство. Зад лабрадорот се германскиот овчар, бултериерите и шкотскиот овчар. Скако, една од причините зошто најчесто касаат лабрадорите е фактот што се многу популарни домашни миленичиња, а колку повеќе се чуваат, току се поголеми шансите и да каснат некого.
Најчесто жртви се поштари и други доставувачи, исто како во филмовите. Почесто се мета мажите отколку жените.
Психологот за животни Роџер Магфорд има неколку совети за поштарите, а и за другите на кои им е мил задникот:
Колку побрзо се спријателите со кучето, толку подобро. Ако поштарот и кучето го започнат односот добро, тогаш ќе бидат пријатели до крајот на животот. Кучињата многу добро ги проценуваат луѓето, вели тој и потврдува дека не е мит верувањето дека кучињата чувствуваат кога човекот е преплашен.
Магфорд објаснува и зошто мажите се почеста мета од жените:
-Поголеми се шансите мажите да бидат мета, затоа што се поагресивни и се бранат, а со тоа само ја влошуваат ситуацијата, ги разлутуваат кучињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.