Членот на извршниот и централниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири, кој е и вработен во партијата, и Љубе Бошкоски, претседател на „Обединети за Македонија“ и политичар осуден за изборен криминал и кој се уште се гони за случајот „Ровер“, вчера остварија средби со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, не во седиштето на опозициската партија, туку во Министерството за внатрешни работи. ж
За ниту една од овие средби не беа информирани медиумите, ниту пак има некаква информација на официјалната страна на Министерството за внатрешни работи, иако се знае дека техничкиот министер Спасовски не пропушта ниту најмала прилика да ги објави дури и најпротоколарните средби како функционер.
Средба на министер во МВР и осуденик е во најмала рака скандал, за кој одговор на јавноста ќе и должат двете страни.
Двете лица со кои Спасовски денес оствари средби, во јавноста се познати по ставовите кои се косат со македонските национални интереси.
Мухамед Зекири многу често излегува со радикални исламистички позиции и ја напаѓа полицијата, застанувајќи во одбрана на обвинетите и во случаите „Монструм“ и „Планинска бура“.
Бошкоски остана особено запаметен во јавноста откако во медиумите се појавија и видеоснимки на кои јасно се гледа како Бошкоски договара промена на името за што добива финансиски средства наменети за финансирање на политичката кампања.
Еве како се пазареше Љубе Бошкоски за да дојде до финансиски средства за политичката кампања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)