| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерупул триумфално низ Лондон, „црвените“ го најдоа лекот за „сините“ (видео)

liverpul-1

Ливерпул му го нанесе првиот пораз на Челси сезонава, славејќи со 1-2 на гостувањето на „Стемфорд бриџ“ во 5. коло од шампионатот во Премиер лигата.

Тактичкото надмудрување подобро го отворија момците на Јирген Клоп, кои во првиот дел не само што беа подобри, туку беа и поконкретни и двапати ја погодија мрежата на Куртоа. Најнапред Дејан Ловрен во 17. минута ја изненади одбраната на „сините“, а потоа и капитенот Хендерсон со голот на кариерата пред одморот зголеми на 0-2.

liverpul

Момците на Конте беа под шок и потребен им беше позитивен импулс во вториот дел да се вратат во мечот. Тој импулс го донесе Матиќ, кој убаво мина по левата страна, центрираше во средината и Диего Коста се најде на вистинското место да намали на 1-2. Челзи беше во налет и само две минути подоцна преку Вилиам беше блиску до реми, но голманот на Ливерпул Мињоле го прочита неговиот шут.

До крајот на мечот Антонио Конте се обиде со три измени да дојде до реми и да го избегне поразот, но Фабрегас, Мосес и Педро не успеаја да креираат сериозна акција за израмнувачки погодок.

По овој триумф, Ливерпул се израмни на табелата со Челси, со по 10 бода од првите пет кола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top