| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците обожаваат да ја посетувааат, а оваа зграда крие неколку тајни

Во последните неколку години овој пустински град е едно од најпосакуваните туристички дестинации на Македонците. ГСо 160 спратови, главната атракција на Дубаи е зградата Бурж Калифа, а каде и да се наоѓате во овој град ќе може да го видите овој облакодер.

Бурж Калифа е отворена во 2010 година по полни шест години градење.

На облакодерот се потрошени 1,5 милијарди долари, а официјалното отворање беше проследено со спектакуларен огномет.

На изградбата на Бурж Калифа работеле 12 илјади работници дневно, а заедно одработиле 22 милиони часа.

Темелите на облакодерот достигнуваат 42 метри под земја, повисок е 289 метри од новиот Светски трговски центар во Менхетен, а потребни се четири месеци за да се измијат сите 24 илјади прозорци.

Облакодерот во 2010 година послужи и како основа за снимање на филмот Невозможна мисија, а Том Круз виси од неговиот врв.

Оваа зграда многу е „фотогенична“, па на фотографите често им служи за снимање на драматични сцени на удари на гром во кулата, што се случува поради материјалот од кој е изградена (алуминум и нерѓосувачко железо).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top