За членот на раководството на СДСМ, Мухамед Зекири, протестите на верниците против уривање на црквата се исти како протестите на насилниците кои тешко повредија 30 полицајци.
Но, сопартиецот на Заев, кој е на платен список на СДСМ и ужива функција на „Бихаќка“, јавно ги брани убијците, а насилниците што ги штитеа обвинетите од „Монструм“ ги споредува со граѓаните што се спротивставија на обидот да се спречи изградба на црква.
На 7 јуни 2013 година поголем број граѓани протестираа пред Општина Центар за да ја одбранат изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. Стануваше збор за протести на револтирани граѓани кои беа против стопирање на градбата на црквата, која Жерновски и СДСМ сакаа да ја сопрат.
На 4 јули 2014 година голема група граѓани, незадоволни од пресудата во случајот „Монструм“, тргнаа од пред Јајапашината џамија во Чаир кон Кривичниот суд. Иако голем кордон на полицајци ја обезбедуваше групата на демонстранти, масата со албански знамиња и исламски обележја скандираше „Алах акбар“ и „УЧК“ и ги каменуваше зградата на Судот и полицајците. Оваа насилничка толпа повреди 30 полицајци барајќи да бидат ослободени убијци.
„Поголем број хулигани, кои беа дел од екстремно агресивната и насилна толпа, со камења и тврди предмети попладнево ги нападнаа полициските службеници кои ги обезбедуваа ненајавените протести. Истите палеа предмети по булеварите во централното градско подрачје и ја оштетија фасадата на Основниот суд Скопје 1. Во овие моменти вандалите веќе се потиснати и се преземаат дополнителни мерки за обезбедување на јавниот ред и мир“, информира тогаш МВР.
Ако Зекири сака да зборува за протести и штети, може да направи и анализа на штетата од „Шарената револуција“. Огромни се штетите кои хулиганите поттикнати од СДСМ ги направија во главниот град удирајќи по македонските институции и по симболите на нашата историја.
На овие насилни протести во првите редови беше и лично Зоран Заев, кој фрлаше боја по институциите на државата. Сега кога тој на Зекири му дава плата, јасно е дека штетата направена од политичарот нема да биде спомната во постовите на поранешниот новинар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)