| четврток, 6 декември 2018 |

Сириски бунтовници се разнеле додека се фотографирале

Бунтовник од Сирија се разнел себеси и своите соборци во моментот кога со телефон, кој бил поврзан со бомба, решил да се фптографира.
Снимката, за која не е потврдено дека е автентична, ги покажува членовите на Слободната сириска војска, водечка бунтовничка група во Сирија, како се собрале околу камера. На снимката се гледаат осум мажи како седат пред бунтовничките знамиња и пеат на микрофон, а пред нив на масата има оружје. Еден од нив потоа крева мобилен телефон во воздух за да се фотографира. Пред експлозијата да ја затресе собата и да ја наполни со чад, се слуша „клик“ на мобилниот телефон.

siriski-buntovnici-selfi-bomba-02

Кога се расчистува правта, се гледа како камерата од јачината на ударот била фрлена на земја и насочена кон плафонот на кој се врти вентилатор.

Се слуша како бунтовниците извикуваат „Алах акбар“, додека прескокнуваат преку камерата за да им помогнат на своите команданти.

Фактот дека камерата не била уништена сугерира дека бомбата била помала од тие што ги користи Исламската држава.

Не и познато ниту дали некој настрадал во експлозијата, пренесува „Дејли меил„.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top