| четврток, 6 декември 2018 |

Да­вид е ма­ке­дон­ски­от Мар­лон Бран­до

Ра­де ми го да­ва­ше тек­стот пред да се сни­ми не­ко­ја сце­на. Ќе го про­чи­тав и ќе го за­па­ме­тев. Не ми бе­ше те­шко. Не ми ги об­јас­ну­ва­ше сце­ни­те, ту­ку, ед­но­став­но, ме пу­шта­ше да глу­мам – ве­ли глав­на­та ѕвез­да на но­ви­от филм на Ра­де Шер­бе­џи­ја „Ос­ло­бо­ду­ва­ње на Скоп­је“

На годинешното свечено отворање на 37. из­да­ние на Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от фе­сти­вал на филм­ска ка­ме­ра „Бра­ќа Ма­на­ки“ беше при­ка­жан фил­мот „Ос­ло­бо­ду­ва­ње на Скоп­је“, чиј­што ре­жи­сер е акте­рот Ра­де Шер­бе­џи­ја. Фил­мот е ма­ке­дон­ско-хр­ват­ско-фин­ска ко­про­дук­ци­ја и ве­ќе бе­ше на два го­ле­ми фе­сти­ва­ла, во Пу­ла и во Са­ра­е­во.

Глав­на­та уло­га во фил­мот ја тол­ку­ва Да­вид То­до­сов­ски (13). То­до­сов­ски ја тол­ку­ва уло­га­та на Зо­ран. По­крај не­го на­ста­пу­ва­ат и акте­ри­те Сил­ви­ја Сто­ја­нов­ска, Ра­де Шер­бе­џи­ја, Лу­ци­ја Шер­бе­џи­ја, Ми­ко Но­у­са­и­нен, Не­бој­ша Гло­го­вац, Пе­тар Мир­чев­ски, Ја­ри Вир­ман, Де­јан Ли­лиќ, Де­нис Аб­ду­а­ла и Аксел Мех­мед.

Сце­на­ри­о­то е на Ду­шан Јо­ва­но­виќ и на Ра­де Шер­бе­џи­ја, а во ед­на фа­за на фил­мот на не­го ра­бо­тел и Жи­во­ин Пав­ло­виќ.

Ре­жи­се­рот и кос­це­на­рист Шер­бе­џи­ја игра­ше и во пра­из­вед­ба­та на тек­стот за исто­и­ме­на­та драм­ска прет­ста­ва во За­греб во 70-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век.

Ди­ре­ктор на фо­то­гра­фи­ја­та е Де­јан Ди­ме­ски, а Вла­тко Сте­фа­нов­ски е автор на му­зи­ка­та за фил­мот. Про­ду­цен­ти се Ро­берт На­сков, Гор­јан То­зи­ја, Вла­ди­мир Ана­ста­сов и Игор Но­ла. Фил­мот се сни­ма­ше во Ве­лес, Би­то­ла и во Скоп­је.

david-todosovski-211-2

Глав­ни­от лик во при­каз­на­та е Зо­ран, осум­го­диш­но мом­че, и низ не­го­ви­те очи се при­ка­жу­ва­ат су­ро­ви­те сце­ни на вој­на­та, сли­ки­те на си­ро­ма­шти­ја­та и на стра­да­ња­та за вре­ме на оку­пи­ра­но Скоп­је.

– Јас во фил­мот тол­ку­вам лик на ед­но оса­ме­но де­те, кое го че­ка сво­јот та­тко да се вра­ти од вој­ска. Тој е во пар­ти­за­ни и се бо­ри про­тив Бу­га­ри­те и Гер­ман­ци­те. Во тоа че­ка­ње се слу­чу­ва­ат мно­гу ра­бо­ти. Мај­ка ми поч­ну­ва да ра­бо­ти кај еден Гер­ма­нец и тие се вљу­бу­ва­ат. Де­ца­та од со­седс­тво­то поч­ну­ва­ат да ми пи­шу­ва­ат по­грд­ни збо­ро­ви на вра­та­та од ку­ќа­та во ко­ја жи­ве­е­ме, ми пи­шу­ва­ат „Гер­ман­ци“, ме те­па­ат со ка­ме­ња. Си­те со­се­ди се мно­гу не­љу­без­ни и нѐ на­ре­ку­ва­ат со ло­ши збо­ро­ви – рас­ка­жу­ва Да­вид за сво­ја­та де­би­тант­ска уло­га во „Ос­ло­бо­ду­ва­ње на Скоп­је“.

По оваа уло­га на Да­вид му „трг­на“, па ја тол­ку­ва­ше и глав­на­та уло­га во кра­тки­от игран филм „Ек­лер“ на ре­жи­се­рот Мар­ко Ѓо­ко­виќ.

david-todosovski-211-3

Да­вид бе­ше откри­ен со­се­ма слу­чај­но на ау­ди­ци­ја за ма­ли­от Зо­ран. Про­ду­цен­ти­те го „по­ба­раа“ ме­ѓу уче­ни­ци­те од скоп­ски­те ос­нов­ни учи­ли­шта. Да­вид бил од­бран ме­ѓу 1.500 де­ца. Пр­во вле­гол во по­тес­ни­от из­бор ме­ѓу три де­ца. На крај Да­ни­ло и Ра­де, со­се­ма не­за­вис­но, еден од друг, се ре­ши­ле за Да­вид. Двај­ца­та би­ле во од­дел­ни со­би, ги гле­да­ле сним­ки­те од де­ца­та што учес­тву­ва­ле на ау­ди­ци­ја­та и ре­ши­ле ли­кот на Зо­ран да му го до­ве­рат на Да­вид.

– Да­вид е ма­ке­дон­ски­от Мар­лон Бран­до – из­ја­ви во ед­на при­го­да Ра­де Шер­бе­џи­ја, кој бе­ше об­зе­мен од при­род­ни­от та­лент на Да­вид.

И са­ми­от Да­вид приз­на­ва де­ка во­оп­што не му би­ло те­шко да го сни­ми фил­мот.

– Ра­де ми го да­ва­ше тек­стот пред да се сни­ми не­ко­ја сце­на. Ќе го про­чи­тав и ќе го за­па­ме­тев. Не ми бе­ше те­шко. Не ми ги об­јас­ну­ва­ше сце­ни­те, ту­ку, ед­но­став­но, ме пу­шта­ше да глу­мам – ве­ли Да­вид.

Но, тој е и мно­гу са­мо­кри­ти­чен. Отко­га го изг­ле­дал фил­мот, има сце­на во ко­ја не си се до­па­ѓа и сме­та де­ка би мо­жел да ја сни­ми по­до­бро.

-Ко­га прв­пат за­ста­нав пред ка­ме­ра­та не се пла­шев, не­мав тре­ма, са­мо, ед­но­став­но, ми бе­ше чуд­но. Ако ми ус­пее, мо­же­би ко­га ќе по­рас­нам ќе би­дам актер – ве­ли Да­вид.

david-todosovski-211-osloboduvanje-na-skopje-1

На пра­ша­ње­то ка­ко е да би­деш актер и да глу­миш по­крај го­ле­ми ѕвез­ди ка­ко Шер­бе­џи­ја, Гло­го­вац, Сил­ви­ја Сто­ја­нов­ска, тој е искрен и приз­на­ва де­ка не ги ни поз­на­вал пред фил­мот.

  • Јас на фил­мот се за­поз­нав со нив прв­пат. Ама су­пер беа – ве­ли Да­вид.

Да­вид е се­га ос­мо­од­де­ле­нец во скоп­ско­то учи­ли­ште „Ацо Шо­пов“ во Ра­ди­ша­ни. До­де­ка се сни­ма­ше фил­мот тој бе­ше уче­ник во ше­сто од­де­ле­ние. За по­тре­би­те на сни­ма­ње­то отсус­тву­ва­ше два ме­се­ци од учи­ли­ште. Тој е ти­неј­џер ко­го најм­но­гу го ин­те­ре­си­ра фуд­ба­лот. На­ви­ва за Ме­си и за Бар­се­ло­на, а ле­то­то го по­ми­нал со дру­га­ри­те на игра­ли­ште­то во Ра­ди­ша­ни. Со се­мејс­тво­то бил на од­мор во Охрид, во авто­кам­пот Љу­ба­ни­шта. Да­вид е нај­го­ле­мо­то де­те во се­мејс­тво­то То­до­сов­ски. Тој ја има де­ве­тго­диш­на­та се­стра Миа и брат­че­то Алек, кое има 20 ме­се­ци.

david-todosovski-211-osloboduvanje-na-skopje-2

За­се­га не­ма нов филм­ски ан­гаж­ман. Но, за­тоа, пак, оваа го­ди­на ќе би­де дел од драм­ска­та сек­ци­ја во учи­ли­ште­то. Фил­мот „Ос­ло­бо­ду­ва­ње на Скоп­је“ му отво­ри нов про­зо­рец кон филм­ска­та умет­ност, та­ка што де­нес Да­вид са­ка да гле­да пар­ти­зан­ски фил­мо­ви.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Де­јан Стан­чев­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top