Манчестер јунајтед синоќа неочекувано загуби со 1-0 во Ротердам во Лигата на Европа од екипата на Феенорд, и тоа е четврти гостински пораз на Мурињо во Европа во низа. Нешто што никој не го очекуваше во таборот на „црвените ѓаволи“.
А, кој е виновен за поразот од Феенорд, менаџерот на Јунајтед не сакаше да каже, и покрај прашањето од новинарите на прес-конференција веднаш по мечот.
„Не сакам да одам во таа насока со анализата. Не сакам никого да обвинам, ниту да истакнам имиња. Очигледно е дека некои потфрлија, но останува фактот дека за некои ова беше и прв натпревар. Против Ватфорд се враќаме на ’нормалниот’ тим“ – истакна Мурињо, кој имаше дури осум промени во тимот за дуелот во Холандија, со што како да сакаше да потенцира дека европската лига за него е споредна, а Премиерлигата – примарна цел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.