Бундеслигашот Шалке 04 ќе гостува во Скопје на 24 мај со сите расположливи сили, а ѕвездите од калибарот на Хунтелар, Дрекслер, Бастос, Хилфдебранд, Бастос… ќе бидат во строј и ќе ја тестираат силата на шампионот Вардар.
Најавен е спектакл, а претставата ја прави уште поинтересна фактот што Шалке доаѓа нагости кај македонскиот првак со најдобриот состав.
– Нема никаков сомнеж дека ќе дојдеме во најсилниот наш состав. Не сме клуб кој би си поигрувал со своето реноме, а и кога прифаќаме гостување, тогаш мора да биде на највисоко ниво. Доаѓаме со првиот тим, и сите фудбалери кои се на располагање, нашите репрезентативци Хилдебранд, Дрекслер, Меер, Холанѓанецот Хунтелар, Бразилците Рафаел и Бастос, потоа Џермејн Џонс и сите останати. Ќе недостасува Афелај поради повреда на коленото – вели Патрик Арнолд, координатор за организациска поддршка на Шалке 04, за официјалната интернет-страница на ФК Вардар.
Гостите од Гелзенкирјен ќе допатуваат во Скопје на денот на одигрување на натпреварот, ќе се сместат во хотелот „Александар палас“, а од 20 часот на националната арена „Филип Втори“ ќе ги одмерат силите со Вардар. За нив тоа ќе биде втора пресметка со Вардар откако еднаш играа меѓусебе во јули 2004 година. Тогаш во рамките на Интертото купот, Шалке го елиминира Вардар со две победи, 5-0 во Гелзенкирхен и 2-1 во Скопје. Оттогаш датира и пријателството меѓу двете навивачки групи, вардаровите „Комити“ и „УГЕ“ на Шалке. Тие се најзаслужни за новата средба меѓу Вардар и Шалке 04.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


