| четврток, 6 декември 2018 |

Се зближиле во Дом за деца без родители, па ги раздвоиле: Моментот кога повторно се сретнаа никого не остави рамнодушен

decinja

Има голем број трогателни случки од домовите за деца без родители, но овие две дечиња ги освоија срцата на луѓето ширум целиот свет. Нивната љубов не престанала дури ниту кога биле раздвоени.

Момче и девојче од еден Дом од Кина станале неразделни, а како што изјавиле педагозите оттаму, никогаш не виделе токлу длабока врска помеѓу две деца.

Еден ден, девојчето било посвоено во Северен Тексас, пренесува CNN. Кога стигнала во нејзиниот нов дом, заедно со новите родители почнале да ги распакуваат нејзините работи, а тие забележале дека на сите слики од Домот, таа држи само едно дете за раката.

Тогаш семејството Сикс сфатило дека на нивната посвоена ќерка Хана многу и значи овој нејзиниот мал пријател. Се распрашале во Домот за него и дознале дека тие биле неразделни, па затоа решиле да направат уште едно добро дело кое нивната ќерка сигурно уште долго ќе го памети.

decinja-2

Мајката на Хана објавила на Фејбук дека на ова прекрасно момче му треба семејство кое ќе го посвои, а за среќа заинтересирани веднаш се јавиле.

Семејството Клери, од истата американска држава, стапиле во контакт во Домот и процесот за посвојува започнал. За неколку месеци, Емили Клери била пресреќна кога и јавиле дека момчето може да го земат дома.

Потоа двете семејства морале да го направат неизбежното, да ги соединат најдобрите другари, кои по цели 11 месеци во кои биле раздвоени, не можеле да се смират од среќа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top