Индијката Верма живее во една мала куќа со своите пет мажи, кои се браќа, а секоја вечер сите спијат на ќебиња на под. Како што раскажала таа, секоја вечер спие со еден од нив, а не знае кој е таткото на единственто дете кое го има, 18 месчното момче.
Верма со својот прв сопруг Гуду, бракот го договориле уште пред четири години според индиската традиција. Потоа таа се омажила и за неговите браќа Баију (32), Сант Рама (28), Гопала (26) и Динеша (19) со кој стапила во брак веднаш откако тој наполнил 18 години.
– Сите спиеме со неа и никој не е љубоморен. Среќни сме како семејство и сите работиме и се сложуваме. Тука каде живееме нема многу девојки, па сите сме задоволни што ја имаме неа, изјавил Гуду.
Во индиската традиција на полигамијата некогаш била многу позастапена, но сега станува се поретка.
Верма изјавила дека знаела што од нејзе се очекува кога влегла во овој брак, затоа што и нејзината мајка живеела во брачна заедни со тројца браќа.
– Имам многу повеќе љубов и внимание откаолку другите жени, а најважно ми е да не сум гладна, завршила таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)