И покрај големата понуда на индустриски подготвени домашен ајвар, лутеница, јуфки, некои преферираат вистинско домашно, па ако тие немаат време или, едноставно желба да ги направат, има кој има, се разбира, за солидна цена, пишува Вечер.
– Живеам во зграда и уште пред петнаесетина години престанав да правам ајвар откако дознав дека жена во едно село во близина на Скопје го прави за пари. На почетокот и го носев материјалот и теглите, а сега таа набавува се. Јас само порачувам, плаќам и си ги земам полните тегли. Малку е поскап, но индустрискиот, колку и да е подобар од порано, не може да се мери со него. Кога сум тенка со пари, порачувам помалку, колку моето семејство да вкуси домашен ајвар, кој многу го сака, вели скопјанката Јулијана за весникот.
Една тегла домашен ајвар се продава за 250 денари, додека пак 750 грама подготвен од некоја од познатите македонски фабрики има цена од 142 до 176 денари, која се спушта ако порачката е поголема.
Освен ајвар, за продажба во домашни услови се подготвуваат и јуфки. Големата понуда на јуфки од различни произвидители во маркетите не им пречи на голем број жени да го претворат во пари своето знаење за подготовка на овој специјалитет на традиционален начин. Скопјанка која на интернет има оглас за подготовка на домашни јуфки, вели дека има доста муштерии и дека солидно заработува, па иако е редовно вработена, не ја мрзи преку викенд наместо да одмора, да прави јуфки за блиските, пријателите, но и за продажба.
– Јуфките што ги правам се поквалитетни отколку оние од продавница. Ставам повеќе јајца, а помалку млеко. Еден килограм го продавам 180 денари, а една тура има три килограми. Ги правам по желба, и кршени и сечени на машинка. Луѓето сакаат квалитетни јуфки, па имам многу муштерии. Неодамна потрошив 180 јајца, вели таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кристина Агилера и Иги Поп одат кај него во ресторан да пробаат ѓомлезе и ајвар
-
Фонд за иновации, спиете ли мирно? Грант за овој изум за мешање ајвар! (видео)
-
Време е за ајвар: Еве како да ги излупите пиперките, без да ги валкате рацете (ВИДЕО)
-
Што ти значи балкански инает: За малку ќе завршел во канадски затвор поради ајвар, но сега го свртел системот во своја корист