| четврток, 6 декември 2018 |

Луксуз или далеку од тоа: Погледнете како изгледа престојот во најдобриот хотел во Северна Кореја

Хотелот Рјангјунј во главниот град на Северна Кореја, кој жителите го сметаат за хотел од прва класа, доби оргомен број на критики од туристите кои биле сместени во него.

Сајмон Рајдер, кој престојувал таму додека бил во посета на Пјонгјанг, вели дека креветите во хотелот се толку тврди што му се чинело дека подот е поудобен.

– Пуштив вода во тоалетот, а водата од шољата ми ги испрска целите нозе, раскажува тој за неговиоте престој.

Дел од критиките кои посетителите ги навеле на еден форум гласат: хотелот е изграден во класичен советски стил, слабо е осветлен, храната во него е ужасна и често нема топла вода.

– Тоа е типичен дел од севернокорејското искуство, пишува еден готин.

– Има и добри страни. На пример голем телевизор кој за жал емитува само еден канал. Се разбира на него се даве само програмата на севернокорејската државна телевизија, напишал еден од гостите на форумот за хотелот.

Нема информации за тоа колку чини престојот во овој хотел, а нема ниту интернет страница за да може да се резервира соба во него. Таму може да се отседне кога ќе се отиде на лице место.

Јасно е дека Северна Кореја има негостиг од пристојни, но и луксузни хотели, коментираат гостите, а наводите на тамошните власти дека овој хотел е врвот на луксузот по се изгледа, се далку од вистинити.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top