фото: Ѓорѓи Личовски
На речиси еден километар до албанската граница или на еден час пловење ако се тргне од пристаништето на Билјанини извори се наоѓа една чудна структура составена од заварени контејнери и од една дупчалка.
Да не сте во Охрид ќе мислите дека некако сте упаднале во некоја од документарните серии од типот на „Оил ригс“ на телевизиската мрежа „Дискавери“, каде што една група развиени типови со лица изгорени од сонцето и со прекари како Големиот Чекан, Ѕверот и слично постојано вадат нешто, заваруваат на машините и се тепаат.
На охридската платформа, навистина, имаше неколку Американци и Германци, токму како тие од „Дискавери“, ама не вадеа нафта туку – обична кал. Добро, не баш обична, туку праисториска, од која треба да се утврди во каква клима живееле нашите предци пред едно милион и кусур години. На почетокот целото патување ни изгледаше како една здодевна посета на научен проект, но се случи поинаку.
(целата репортажа е објавена во неделникот „Република“ во бројот кој е во продажба од денеска, 10 мај 2013 година)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.