Французите наскоро ќе немаат веќе можност да балансираат три колбаси во пластично чиниче додека се на пикник, затоа што завчера Франција ги забрани употреба на пластиен прибор зајадење за еднократна употреба. Забраната е обид да се намали производството на пластика и со тоа загадувањето со пластичен отпад.
Мерката е дел од француската програма за „транцизија кон зелен раст” од 2015 година, а стапи на сила минатиот месец. Сепак, нема да биде формално усвоена сѐ до 2020 г., за да им се даде време на производителите да се пренасочат кон нови продукти за еднократна употреба направени од биоразградливи материјали. Според порталот „Локал“, во Франција се фрлаат 4,73 милијарди пластични чашки годишно. Од нив само еден процент завршуваат на рециклирање.
Организацијата на производители на амбалажа на храна „Пак-ту-гоу“ ја обвини француската влада дека ги нарушува законите на Европската унија кои се однесуваат на слободното движење на стоки и продукти, и повикуваат ЕУ да преземе легална акција против одлуката.
Од француското Министерство за животна средина уште нема одговор за поплаките на „Пак-ту-гоу“, но Франција изгледа решена да продолжи со напорите да го редуцира отпадот кој се праќа на депониите за 50 проценти до 2025 година. Во февруари француската влада, исто така, донесе закон со кој супермаркетите се должни да ја донираат непродадената храна во добротворни цели, а во јули ги забрани и пластичните ќеси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.