| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓорѓиоски: Чеферин вети развој на сите федерации и имаме многу заеднички желби

Ilco-Gjorgioski

Словенецот Александер Чеферин со 42 гласа вчера беше избран за нов претседател на УЕФА на конгресот во Атина. Фудбалската федерација на Македонија му даде поддршка на Чеферин и денес му го честита изборот.

– Му честитаме на Чеферин за изборот. Се надеваме дека дополнително ќе придонесе кон стабилност, развој и подеднаква поддршка за сите федерации. Нѐ радува фактот што на оваа позиција доаѓа човек од мала федерација, и тоа од нашиот регион, кој ги познава фудбалските состојби, проблеми и предизвици, и кој се залага за подигнување на фудбалот на овие простори на повисоко ниво. Заедничка желба на сите федерации од регионот е региналната фудбалска лига која во голема мера ќе го подигне нивото на клубскиот фудбал на овие простори. Веруваме дека со новиот председател ФФМ ќе добие уште поголема поддршка и можност за реализација на нови проекти од интерес на сите – изјави Илчо Ѓоргиоски, председател на Фудбалската федерација на Македонија.

Словенецот ќе го одработи преостанатиот дел од мандатот на Мишел Платини до 2019 година, по што ќе се одржат нови претседателски избори. Чеферин е седмиот претседател на УЕФА по Ебе Шварц (Данска), Густав Виедеркер (Швајцарија), Артемио Франки (Италија), Жаке Жорж (Франција), Ленарт Јохансон (Шведска) и Мишел Платини (Франција).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top