| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемиот предизвик на онколошките хирурзи е интервенциите да станат помалку инвазивни

Во Ма­ке­до­ни­ја во пос­лед­ни­те го­ди­ни, за сре­ќа, по­сто­јат ко­ле­ги што се ори­ен­ти­ра­ат иск­лу­чи­тел­но на хи­рур­шка он­ко­ло­ги­ја. Има и ги­не­ко­ло­зи, аб­до­ми­нал­ни хи­рур­зи, уро­ло­зи, чи­ја­што спе­ци­јал­ност е да из­ве­ду­ва­ат опе­ра­ции на ва­де­ње ту­мо­ри и тие тре­ба да по­сто­јат ка­ко по­себ­на супс­пе­ци­јал­ност би­деј­ќи, на­ви­сти­на, тоа се по­комп­ли­ку­ва­ни опе­ра­ции, ве­ли ди­ре­кто­рот на Кли­ни­ка­та за ра­ди­о­те­ра­пи­ја и за он­ко­ло­ги­ја

Из­ми­на­ти­от ви­кенд во Охрид се одр­жа Ме­ѓу­на­род­ни­от пол­ско-ма­ке­дон­ски кон­грес за хи­рур­ги­ја и за он­ко­ло­ги­ја. На кон­гре­сот се раз­ме­ни­ја искус­тва и зна­е­ња, беа про­мо­ви­ра­ни но­ви тех­ни­ки и ме­то­ди во он­ко­ло­ги­ја­та и во хи­рур­ги­ја­та, се раз­го­ва­ра­ше за но­ви­те по­зи­тив­ни искус­тва. Спо­ред при­сут­ни­те, ор­га­ни­за­то­рот на Ме­ѓу­на­род­ни­от кон­грес, спо­ред нас­ло­ви­те на на­уч­ни­те се­сии, бро­јот на учес­ни­ци­те и пре­зен­та­ци­и­те, на­пра­вил бо­гат и ус­пе­шен на­стан.

 

Ви­кен­дов во Охрид се одр­жа пр­ви­от кон­грес на хи­рур­шка он­ко­ло­ги­ја на кој учес­тву­ваа око­лу 200 ле­ка­ри и 50 про­фе­со­ри од Пол­ска, САД, Ја­по­ни­ја, Ј. Ко­ре­ја, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, Гер­ма­ни­ја. За што се раз­го­ва­ра­ше на кон­гре­сот?

РИСТЕСКИ: На­уч­ни­те пре­диз­ви­ци за кои се де­ба­ти­ра­ше беа пре­теж­но кол­ку што е мож­но по­ми­ни­мал­но ин­ва­зив­но да се при­ста­пи во от­стра­ну­ва­ње на ту­мо­ри­те, та­ка што нај­го­ле­ми­от дел од пре­да­ва­ња­та беа на­со­че­ни на таа те­ма. Има­ше те­ми и око­лу трансп­лан­та­ци­ја на црн дроб во одре­де­ни ма­лиг­ни ди­јаг­но­зи, по­тоа пре­да­ва­ња од мо­ле­ку­лар­на­та он­ко­ло­ги­ја, пре­да­ва­ња за ра­ди­о­хи­рур­ги­ја, та­ка што кон­гре­сот бе­ше еден из­во­нред­но при­ја­тен на­стан и за слу­ша­ње и за учес­тво. Ко­га ка­ко го­сти ги има­те лу­ѓе­то што го соз­да­ва­ле це­ли­от овој на­у­чен при­стап, се­ко­гаш има што да се на­у­чи но­во.

 

milan-risteski-5-custom

Д-р Милан Ристески, директор на Клиниката за радиотерпаија и онкологија

 

Што се по­драз­би­ра под хи­рур­шки он­ко­ло­шки ин­тер­вен­ции?

РИСТЕСКИ: Ка­жа­но нај­про­сто, хи­рур­ги­ја е дис­цип­ли­на што на одре­ден ин­ва­зи­вен на­чин, во по­но­во вре­ме, кол­ку што е мож­но по­мал­ку ин­ва­зив­но се оби­ду­ва да из­ва­ди не­што од те­ло­то што му пре­чи. Хи­рур­шка он­ко­ло­ги­ја е иста­та таа хи­рур­ги­ја, но во неј­зи­ни­от до­мен се ва­дат иск­лу­чи­тел­но ту­мо­ри. Аб­до­ми­нал­на­та хи­рур­шка он­ко­ло­ги­ја се за­ни­ма­ва со ту­мо­ри, а не се за­ни­ма­ва со, да ре­че­ме, опе­ра­ци­ја на ки­ла.

 

Кои се по­ли­ња­та на при­ме­на на хи­рур­шки трет­ман?

РИСТЕСКИ: Не­ма то­по­гра­фи­ја, ко­ја, фа­ктич­ки, би ја изо­ста­ви­ле. Од не­вро­хи­рур­ги­ја, до ор­то­пе­ди­ја. Са­мо тра­у­ма­то­ло­ги­ја не спа­ѓа во тој сег­мент.

 

Ка­кви ви­до­ви хи­рур­шки ин­тер­вен­ции по­сто­јат во он­ко­ло­ги­ја­та?

РИСТЕСКИ: Ди­ја­па­зо­нот е огро­мен и за­ви­си од са­ми­от ту­мор и од не­го­ва­та ло­ка­ли­за­ци­ја и не­го­ва­та го­ле­ми­на.

 

milan-risteski-3-custom

 

Пред кои го­ле­ми пре­диз­ви­ци се ис­пра­ве­ни он­ко­ло­шки­те хи­рур­зи во свет­ски рам­ки?

РИСТЕСКИ: Нај­го­ле­ми­от пре­диз­вик на он­ко­ло­шки­те хи­рур­зи е ин­тер­вен­ци­и­те да ста­нат кол­ку што е мож­но по­мал­ку ин­ва­зив­ни, од­нос­но да има што по­мал­ку „се­че­ње“, по­мал­ку за­гу­ба на крв, по­бр­зо заз­дра­ву­ва­ње на па­ци­ен­тот и по­бр­зо оде­ње до­ма и на­пу­шта­ње на бол­нич­ко­то ле­ку­ва­ње, а со ма­кси­ма­лен ефект – комп­лет­но ва­де­ње на ту­мо­рот. Во Ма­ке­до­ни­ја во пос­лед­ни­те го­ди­ни, за сре­ќа, по­сто­јат ко­ле­ги што се ори­ен­ти­ра­ат иск­лу­чи­тел­но на хи­рур­шка он­ко­ло­ги­ја. Има и ги­не­ко­ло­зи, аб­до­ми­нал­ни хи­рур­зи, уро­ло­зи, чи­ја­што спе­ци­јал­ност е да из­ве­ду­ва­ат опе­ра­ции на ва­де­ње ту­мо­ри и тие тре­ба да по­сто­јат ка­ко по­себ­на супс­пе­ци­јал­ност би­деј­ќи, на­ви­сти­на, тоа се по­комп­ли­ку­ва­ни опе­ра­ции.

 

Во октом­ври ќе се одр­жи уште еден кон­грес во ор­га­ни­за­ци­ја на Кли­ни­ка­та за ра­ди­о­те­ра­пи­ја и за он­ко­ло­ги­ја. Мо­же ли да ни ка­же­те не­што по­ве­ќе за тоа?

РИСТЕСКИ: На 21 и на 22 октом­ври ор­га­ни­зи­ра­ме го­лем ме­ѓу­на­ро­ден на­стан со од­лич­ни пре­да­ва­чи. Се ор­га­ни­зи­ра пр­ви­от за­ед­нич­ки на­у­чен со­ста­нок на Асо­ци­ја­ци­ја­та на ра­ди­ја­ци­ско-он­ко­ло­шки асо­ци­ја­ции на ме­ди­та­ран­ски­те зем­ји (АРОМЕ), без раз­ли­ка што Ма­ке­до­ни­ја не е ме­ди­те­ран­ска зем­ја, но спа­ѓа­ме во ре­ги­о­нот. Пре­тсе­да­те­лот на АРОМЕ по по­тек­ло е Ма­ке­до­нец, тоа е про­фе­со­рот Жо­зеф Гли­го­ров. Ми­на­та го­ди­на, исто та­ка, во Скоп­је го на­пра­вив­ме пр­ви­от та­ков на­у­чен со­бир и по­ми­на мно­гу до­бро. Оваа го­ди­на ни се при­дру­жу­ва и Европ­ска­та шко­ла за он­ко­ло­ги­ја (ЕСО) од ка­де што до­бив­ме и акре­ди­та­ци­ја. Са­ка­ме ова да по­ми­не во тра­ди­ци­ја и се­ко­ја го­ди­на во Скоп­је да се одр­жу­ва по еден ва­ков со­ста­нок. До­го­во­рот е и со ЕСО и со АРОМЕ се­ко­гаш во Скоп­је да се ди­ску­ти­ра за ба­зич­на на­у­ка и за се­то тоа што е кли­нич­ко спро­ве­ду­ва­ње што про­из­ле­гу­ва од таа ба­зич­на на­у­ка. АРОМЕ и ЕСО дру­ги­те свои на­уч­ни со­би­ри ги пра­ват на не­ка­ков по­и­на­ков на­чин и по­и­на­кви те­ми. Тоа зна­чи де­ка ни­ко­гаш не се по­вто­ру­ва­ат. Лич­но сум ан­га­жи­ран, над­вор од Кли­ни­ка­та за он­ко­ло­ги­ја и за ра­ди­о­те­ра­пи­ја, на еден се­ми­нар што тре­ба да се одр­жи на 14 и на 15 октом­ври во Скоп­је, во ор­га­ни­за­ци­ја на здру­же­ни­е­то „Дај­те ни крил­ја“. Ќе се ди­ску­ти­ра за со­стој­би­те на спре­че­ност од ко­ја би­ло при­ро­да – фи­зич­ка, мен­тал­на, пси­хо­ло­шка и ре­тки бо­ле­сти. Ќе има се­сии за ко­ле­ги­те ле­ка­ри, но и отво­ре­ни де­ба­ти, за со­ци­јал­ни ра­бот­ни­ци, де­фе­кто­ло­зи, ме­ди­цин­ска ре­ха­би­ли­та­ци­ја, пси­хо­ло­шка ре­ха­би­ли­та­ци­ја, пе­да­го­зи, учи­те­ли во ос­нов­ни и во сред­ни учи­ли­шта. Би ги по­ви­кал си­те овие стру­кту­ри да дој­дат би­деј­ќи вле­зот е сло­бо­ден и се­кој мо­же да дој­де и да го спо­де­ли сво­е­то искус­тво.

 

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска
Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top