| четврток, 6 декември 2018 |

Млади насилници кршеле автобус во Аеродром и истепале полицаец

полиција
Полицаец, кој си ја вршел должноста, добил удар од лакот од млад скопјанец, кој со група пријатели беснееле во скопски Аеродром.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи ноќеска, околу 1.40 часот, група млади скопјани на булеварот Јане Сандански беснееле. По кратко време, со камења фрлале по автобусот на ЈСП со број 5, оштетувајќи едно од прозорските стакла.
Полицијата била повикана на интервенира, а при приведувањето, 19-годишниот С.А. со лакот удрил еден полицаец, нанесувајќи ми расекотина на усната и на носот. Младиот насилник се обидел да побегне , но бил спречен и приведен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top