| четврток, 6 декември 2018 |

Македонец вработен кај светскиот гигант: Славче си го оствари сонот, дизајнираше луксузен „мерцедес“

Славче Таневски е македонски дизајнер кој работи за светскиот гигант за автомобили „Мерцедес Бенц“ каде што успеал сонот да го претвори во јавност. Тој во Македонија денес го претстави новиот модел на „мерцедес“, кој самиот го дизајнирал. Тоа е новиот „мерцедес ГЛЦ купе“ (Mercedes Benz GLC coupe), кој денеска беше претставен во салонот на „Мерцедес“ на „Мак Аутостар“ во Скопје.

Славче заминал од Македонија како студент. Во Германија бил доволно упорен, за да му се оствари сонот за автомобилски дизајн.

– Навистина сум среќен што добив шанса да дизајнирам автомобил за најстариот и најголемиот автомобилски бренд во светот, но уште повеќе што денес сум во Македонија, споделувајќи го успехот со вас – рече Таневски.

Продажба на овој автомобил почнува на 17 септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top