Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека стравува за стабилноста на регионот на западен Балкан и повика на содавање на „царинска унија на сите балкански држави и територии“.
– Сонувам да создадеме царинска унија со сите балкански држави, со сите териотрии, со сите. Тоа е мојот сон. Да имаме заеднички пазар, изјави Вучиќ во интервју за агенцијата АФП, чии делови пренесува Танјуг.
Во интервјуто, дадено во пресрет на неговата посета на Франција, Вучиќ вели дека таа царинска унија не би била некоја нова Југославија, туку заеднички пазар кој би довел до тоа луѓето да станат побогати и во регионот да има подбри и поголеми компании.
Вучиќ натаму нагласува дека соработката меѓу земјите во регинот не е лесна по „не само децениската, туку и вековната омраза и војни“, што и предизвикува стравувања околу стабилноста на Балканот.
– Не стравувам за нашата иднина на еконосмки план, но потребна ни е и политичка стабилност во регионот. Затоа ќе вложиме многу напори и многу време за да обезбедиме политичка стабилност, вели Вучиќ во интервјуто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Го победивме Косово, благодарам и на Македонија
-
Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
-
Вучиќ: Ветувањата од Европа не му беа привлечни на македонскиот народ
-
Вучиќ за предупредувањето на Јункер: Можеби е претерано дека „тлото на Балканот е сеуште погодно за воени судири“, но не би ја исклучил можноста