18 запалки за рачни бомби пронашол рибочувар на брегот на реката Брегалница.
Запалките биле расфрлани долж течението на реката во непосредна близина на сообраќајната клучка на магистралниот пат Штип- Радовиш, или популарно познатиот трети километар.
Откако го пронашол веднаш ја известил полицијата и штипската канцеларија на Дирекцијата за заштита и спасување.
Запалките се однесени,а надлежните истражни органи трагаат по лицата кои намерно или не ги оставиле на речниот брег. Инаку, не ретко рибокрадците со ваквите запалки закачувајќи ги за таканаречениот индустриски динамит, незаконски ловат риба со предизвикување експлозии во речните води .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.