| четврток, 6 декември 2018 |

Главниот спонзор издвои 10 милиони денари за ФК Брегалница

bregalnica

Општина Штип, спонзорот на прволигашот Брегалница ги утврди средствата кои ќе ги добие клубот за да се натпреварува во Првата лига во наредните шест месеци.

Според Советот на Општина Штип, од буџетот ќе се одвојат 20 милиони денари за спорт. Најмногу ќе добие Брегалница, која за првите шест месеци од годината ќе инкасира 10 милиони денари, но најпрво ќе треба формално да достави програма за работа во наредната година. Покрај за Брегалница, општината ќе издвои и три милиони денари за одржување на спортски објекти и изградба на трибина на Градскиот стадион.

Брегалница е дел од полуфиналето од Купот на Македонија, а во лигата ја чека грчевита битка за опстанок затоа што е закована на последното место. Пред стартот на зимските подготовки, тимот донесе тројца нови фудбалери – Тони Костадинов, напаѓач кој доаѓа од ЦСКА Софија, голманот Евгение Александров, кој доаѓа од Дунав-Русе, како и Бразилецот Единслон Бергание.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top