Вчеравечер во 22.45 часот во Скопје на ул.„16.“, во населбата Ченто, непознати лица со огнено оружје пукале во куќата сопственост на А.Ф. (44), кој во моментот бил дома со семејството.
Од пукањето бил оштетен прозорец и фасадата од куќата.
На главната улица што минува покрај куќата пронајдени биле 13 чаури од пиштолска муниција со непознат калибар.
Како последица на пукањето е предизвикана само материјална штета. Повредени лица нема.
Причината за пукањето до овој момент не е позната. Се преземаат меркиза пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


