| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се сили со албански гласови: Цела Македонија ќе ја направам двојазична (ВИДЕО)

Лидерот на СДСМ Зоран Заев најавува двојазичност во цела Македонија доколку неговата партија дојде на власт. Тој во интервју за НОВА ТВ вели дека во борбата за глас повеќе од Албанците е подготвен албанскиот јазик да стане официјален јазик во сите градови на Македонија, па дури и во Прилеп, Штип, Струмица и останатите градови каде што живеат над 90% етнички Македонци.

Лидерот на СДСМ не крие дека антимакедонската политика има единствена цел, да им се додвори на албанските гласачи, без разлика што оди на штета на македонските национални интереси.

Експертите во повеќе наврати коментираа дека Заев е свесен дека нема поддршка кај македонското гласачко тело, па во обид да спаси што може да се спаси им се додворува на Албанците надеајќи се дека тие ќе го извлечат од катастрофата која го чека на 11 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top