Во дводневна неофицијална посета на Охрид ќе престојува принцезата Јелисавета Караѓорѓевиќ, единствената ќерка на кнезот – кралски намесник Павле Караѓорѓевиќ и на кнегињата Олга.
Принцезата ќе слета на аеродромот „Св. Петар и Павле“ во 14.55 часот, а Општина Охрид ѝ приреди пречек со официјална делегација.
Принцезата ќе има прошетка низ градот, ќе ги посети најзначајните културно-историски споменици во старото градско јадро, како и продавниците за филигран и за охридски бисер.
Оваа посета не е прва, принцезата е воодушевена од вкусот на македонските вина и македонското сирење, како и кутурно-историските вредности и севкупните туристички потенцијали на Македонија, па е чест гостин на нашиот турстички бисер.
Принцезата Јелисавета е родена во Белград, како единствена ќерка на југословенскиот кнез Павле и на грчко-данската кнегиња Олга. Нејзин постар брат е принцот Александар. Таа е во второстепено сродство со шпанската кралица Софија и со принцот Чарлс од Велс, а исто така е роднина и со принцот Мајкл, сегашен војвода од Кент, и со принцезата Александра од Кент. Потомок е на српската кралска династија која владеела со Србија, а потоа и со кралствата СХС и Југославија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.