| четврток, 6 декември 2018 |

И Македонија со подршка за Словенецот Чеферин во изборот за претседател на УЕФА

aleksander-ceferin

Словенецот Александер Чеферин, согласно бројните информации и индиции, денеска од 12 часот на Конгресот на УЕФА треба да биде избран за нов претседател на Европската куќа на фудбалот.

Според последните информации Чеферин има поддршка од вкупно 41 национален сојуз од Европа меѓу кои и Фудбалската федерација на Македонија, од вкупно 55 членки, што доволно зборува за очекувањата тој да биде новиот предводник на европскиот фудбал.

Во Атина, на Конгресот на УЕФА ќе биде и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски кој е дел од групата сојузи, пред се од регионов и од скандинавските земји, која прва го предложи поддржа Словенецот во битката за претседател на УЕФА. Во македонската делегација во Атина е и генералниот секретар Филип Поповски.

За Македонија, но и, условно кажано, помалите сојузи од Европа, како што велат и од ФФМ, Словенецот Чеферин е позитивна приказна затоа што би добиле човек кој ќе се заложи за регионот, и ги разбира проблемите кои постојат во европскиот фудбал.

Во својата програма, за избор на нов претседател на УЕФА, Чеферин најави дека ќе покрене иницијатива за ограничување на временскиот период колку еден човек може да биде на чело на УЕФА, дека ќе се бори силно против наместените натпревари и допингот, како и тоа дека ќе се стави поголем акцент на безбедноста на стадионите.

Противкандидат на Словенецот ќе биде искусниот Холанѓанец, Михаел Ван Праг, но тој нема поголеми шанси во трката со Александер Чеферин. Изборот на нов претседател е поради суспензијата на досегашниот Мишел Платини поради вклученост во коруптивен скандал поврзан со ФИФА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top