| четврток, 6 декември 2018 |

Билборд ќе прочистува воздух во Скопје и во Тетово

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест во соработка со Германската амбасада, Градот Скопје и македонски и странски компании – донатори, обезбеди инсталација на City Tree – иновативниот и патентиран зелен билборд кој го прочистува воздухот во Скопје и Тетово.

По повод почнувањето на проектот, денеска на конференција за медиуми ќе се обратат амбасадорката на Германија Кристине Д. Алтхаузер, Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест и претставник од Град Скопје.

Според Еко-свест, главна цел на проектот е да се подигне свеста кај граѓаните, експертите, надлежните институции и бизнисите за потребата да се делува на поле на квалитетот на воздухот, за придобивките од иновативниот проект City Tree и воопшто, за квалитетот на воздухот во Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top