| четврток, 6 декември 2018 |

Запалена џамијата која ја посетувал убиецот од Орландо

Во џамијата во американската сојузна држава Флорида која ја посетувал убиецот од ноќниот хомосексуален во Орландо, подметнат е пожар во понеделникот, кога муслиманите го прославуваат празникот Курбан бајрам, соопштија локалните власти и не ја отфрлија можноста овој чин да е мотивиран од омраза.

Во масакрот кој на 12-ти јуни во геј клубот „Пулс“ во име на џихадистичката групација Исламска држава го изврши американскиот државјанин од авганистанско потекло Омар Матен беа убиен беа 49, а ранети 50 луѓе, пред да биде убиен во акција на полицијата. Тоа беше најкрвавиот терористички чин со исламистичка заднина на територијата на САД по нападите од 11-ти септември 2011 година.

„Не знаеме дали станува збор за кривично дело мотивирано од омраза или за пироман, знаме само дека тоа е криминален чин и дека пожарот е подметнат. Имајќи предвид дека станува збор за светилиште и дека кривичното дело се случило ден по одбележувањето на 11-ти септември, сигурно ќе ја испитаме таа трага“, изјави на прес-конференцијата шефот на бирото на шерифите во округот Сент Луси, Дејвид Томпсон.

Пожарникарите стигнале на местото на настанот по информацијатадека гори покривот од исламскиот центар во Форт Пирс, околу двесте километри северно од Мајами.

На снимките од надзорните камери се гледа осомничениот како излегува од џамијата веднаш откако избувнал пожар. Станува збор за „белец или хиспаноамериканец“, се наведува во соопштението на бирото на шерифот. Дошол на мотоцикл од моделот „Харли Дејвидсон“ околу 23,30 во неделата вечерта.

Нема информации за повредени. Се уште не се познати размерите на штетата предизвикани во пожарот, но на фотографиите кои ги објави полицијата се гледа дека фасадата на оваа поранешна црква претворија во џамија е неоштетена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top