| четврток, 6 декември 2018 |

Мајли Сајрус се промени до непрепознатливост: Веќе не стапнувам на црвен тепих!

Откачената 23-годишна Мајли Сајрус целосно се промени. Славната пејачка и скандал-мајсторка решила јавните истапи, вулгарните изјави, шокантните модни комбинации да ги остави зад себе. Откако се смири со есен од најпосакуваните холивудски фраери, Лијам Хемсворт, со кого во 2013 ненадејно ја прекина свршувачката, Мајли целосно се смири. Или барем така сака да изгледа.

F💖CK YEAH taking over @elleusa Instagram! Check em out to get exclusivezzzz ✌️

A photo posted by Miley Cyrus (@mileycyrus) on

Tаа позираше за насловната страница на магазинот „Ел“, а во интервјуто иткрива дека веќе нема да се појавува на црвени теписи, а сите кои сакаат да ја видат, ќе можат тоа да го сторат на нејзините профили на Инстаграм и на Твитер.

 

– Не стапнувам веќе на црвени теписи. Зошто кога луѓе гладуваат јас да бидам на црвен тепих? Затоа што сум важна? Затоа што сум славна? Не, тоа не е мој стил, истакна донеодамна контроверзната пејачка.

А дека нејзините зборови не се само празни зборови, Мајли потврдува со тоа што од неодамна раководи со организацијата Хепи хипи, која им помага на младите бездомници и на ЛГБТ заедницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top