| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент на најголемиот крузер на светот – загина еден член на екипажот, а четворица се тешко повредени

Еден член на екипажот загина, а четворица се повредени во несреќата што се случи на најголемиот брод за туристички патувања во светот „Хармонија на морињата“, соопшти компанијата сопственик на крузерот „Ројал Карибиан Круз“.

Инцидентот се случил за време на една редовна вежба за спасување, кога чамец за спасување, во кој се наоѓале петтемина членови на посадата се откачил и се урнал од 10 метри височина во море.

Од четворицата повредени, двајца се наоѓаат во животна опасност.

Инцидентот се случил во Марсеј на југот од Франција, каде што „Хармонија на морињата“ се наоѓа во моментов.

Загинатиот член на посадата е Филипинец, додека од повредените, тројца се од Филипините, а еден од Индија.

Бродот е долг 362 метри и на него може да патуваат осум илјади патници и членови на екиажот. Овој крузер е висок колку зграда од 25 ката.

Во бродот на располагање на патниците им се наоѓаат бројни погодности, од 25 ресторани, 23 пливачки базени, театар и повеќе кино сали, до трговски центар и бројни казина и цела низа можности за забава и релаксација.

„Хармонија на морињата“ се наоѓа во редовна пловидба од мај оваа година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top