По пауза од три години, средба во четри очи покрај зелениот терен имаа вечните ривали, Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола.
Трофејните стручњаци повторно беа во центарот на фудбалското внимание, но сега како предводници на лутите градски ривали од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Шпанецот повторно ја имаше таа среќа да се радува на нов триумф со кој ја зголеми разликата во победи која ја има во дуелите против Португалецот. Клубовите кои биле предводени од овие стручњаци одиграле 17 меѓусебни дуели, Пеп се радувал на осум победи, “специјалниот” на три, а шест натпревари завршиле без победник.
Во саботата, Манчестер Сити сосема заслужено забележа минимална победа од 2:1 на “Олд Трафорд” и на тој начин му го нанесе првиот пораз на Мурињо откако португалскиот стручњак седна во менаџерското столче.
Пред старот на натпреварот, поранешниот предводник на каталонскиот гигант Барселона изјави дека со големо задоволство ќе испие неколку чаши вино со Мурињо по дуелот на “Олд Трафорд# и на тој начин ќе ја продолжи традицијата која ја започнаа сер Алекс Фергусон и Португалецот, додека беа менаџери на Јунајтед и Челзи.
Со задоволство ќе ја испијам чашата со вино доколку добијам покана од Мурињо. Јас го почитувам тој човек и тоа многу. Ми беше тренер, јас учев од него, изјави Шпанецот.
Сепак, неколку дена подоцна, Гвардиола објасни зошто не се сретанал со натпреварот со Жозе Мурињо.
Двајцата имавме многу обврски и не бевме во можност да ја испиеме таа чаша вино, изјави Гвардиола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“