Светски познатиот филмски сценограф, оскаровецот Алан Старски, кој гостува на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, во рамките на програмата „Првите филмови први“, организирана во соработка со Гете институтот, денеска одржа мастер клас, на кој, на студентите, младите режисери и сите заинтересирани им презентираше различни аспекти на современата филмска сценографија и дизајн на филмот во рамки на продукцијата на филмовите. Алан Старски е добитник на Оскар за сценографијата на филмот „Шиндлерова листа“., во режија на Стивен Спилберг.
– Директорот на фотографија заедно со продукцискиот дизајнер се тие му овозмужуваат на режисерот на филмот да ги оствари своите соништа.Практично, авторот на дизајнот на филмот е архитект на соништата, рече Старски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фестивалот „Браќа Манаки“ инспирација за нов балкански филмски фестивал
-
Заврши 39.ИФФК „Браќа Манаки“: Златна камера 300 за кинематографер Кјонг Пјо Хонг
-
Франк Ван Ден Иден кинематограферот од филмот „Девојка“ претставен на „Браќа Манаки“
-
Фестивалските гости на „Браќа Манаки“ го посетија гробот на Милтон Манаки