| четврток, 6 декември 2018 |

Ибрахимовиќ: Јас зборувам, Погба слуша!

ibrahimovic-i-pogba

Златан Ибрахимовиќ изјави дека во моментов неговиот клупски колега Пол Погба има преголем притисок од јавноста. Погба ова лето се пресели во тимот на „црвените ѓаволи“ за 105 милиони евра, што претставува рекорден трансфер.

– Луѓето прават преголем притисок врз него. Не го познавав претходно, сега го запознав, можам само да кажам дека е голем „работник“. Има неверојатен потенцијал и сака да биде подобар и подобар – изјави Ибрахимовиќ.

Пол Погба во моментов се наоѓа на удар на светската јавност поради тоа што не ги оправдува очекувањата, но Швеѓанецот застана во негова одбрана.

– Сите љубоморни луѓе кои сега го критикуваат, ќе мораат подоцна да се срамат поради тоа. Тој ќе биде многу подобар. Мојот однос со него е едноставен, јас зборувам, тој слуша. Погба е едноставно многу талентиран фудбалер – заврши Ибрахимовиќ.

Двајцата фудбалери ги поврзува и менаџерот Мино Рајола, кој ги застапува и двајцата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top