| четврток, 6 декември 2018 |

Извори од „Бихаќска“ тврдат – Шарените ќе ги има високо на листите

 

Социјалдемократскиот сојуз во моментов интензивно преговара со индивидуалци и помали опозициски партии од македонскиот и од албанскиот блок за што поголем предизборен опозициски фронт против партијата предводена од Никола Груевски, а за тоа кој ќе биде на пратеничките листи на партијата било рано да се зборува. Ова за „Дневник“ вчера го потврдиле од „Бихаќска“, нагласувајќи дека нивен приоритет во моментот е што повеќе реномирани личности од јавниот живот да се приклучат кон коалицијата.

– Ниту се комуницира со некој посебно за пратенички листи ниту истите се планираат. Сѐ уште е рано – изјавиле вчера од СДСМ.

Од друга страна, пак, висок извор во партијата за „Дневник“ вели дека не само што се комбинираат листите, туку веќе се знаат и имињата на носителите на истите, а во добар дел тоа се лица од „Шарената револуција“.

Изворот за весникот ги потврдил имињата на Уранија Пировска и Павле Богоевски, за кои деновиве пишуваат медиумите, а наводно веќе е договорено на листите во четвртата и петтата единица да бидат Марјан Забрчанец и Симона Спировски.

Најголемо изненадување, според него, е името на Мухамед Зекири, поранешниот уредник на телевизија „Алсат“, кој се споменува дури и како носител на листата во шестата изборна единица. Повеќе на оваа тема на Днeвник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top