| четврток, 6 декември 2018 |

Недостигаат три клучни работи: Причините поради кои убиецот на Јелена сè уште не е уапсен

jelena-marjanovic-krsmanovic-620x350

Полицијата сè уште трага по убиецот на Јелена Марјaновиќ (33). Поминаа речиси пет месеци од монструозното убиство на пејачката на „Гранд“, а сè уште не се пронајдени докази за злосторникот да заврши зад решетки.

Клучните мани во истрагата се оружјето, недостигот од сведоци и фактот дека сè уште никој не го признал злосторството, пренесува српски „Телеграф“.

Полицијата смета дека Јелена била убиена со дрвен предмет, кој сè  уште не е пронајден. ДНК трагите, кои би можеле да бидат откриени на оружјето, исто така, би биле од корист за натамошната истрага.

Повеќе од 100 луѓе биле испитани во текот на истрагата и никој не изјавил дека го видел злосторството, освен неколку жители, кои признале дека ги виделе Зоран и Јелена како шетаат со својата ќерка Јана.

Исто така, никој не го признал злосторството, ниту пак вмешаност во него. Полицијата од првиот ден се сомнева во членовите на семејтвото на Зоран, меѓутоа не се пронајдени никакви материјални докази на основа на кои би било извршено апсење.

Криминологот Златко Николиќ вели дека случајот ќе го решат ситници.

– Убиецот успеал да ги прикрие своите трагови, но очекувам дека убиството ќе се реши. Скогаш постојат некои мали работи што ќе го откријат сторителот – изјавил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top