| четврток, 6 декември 2018 |

Киднаперот напишал писмо за жртвите: Јас сум сексуален предатор

И покрај тоа што Ариел Кастро, обвинет за киднапирање три девојки во Кливленд, одбивал да зборува за неговите жртви, полицијата во неговиот дом нашла писмо напишано во 2004 година непосредно по третото киднапирање, во кое тој ги признава неговите злосторства. Во писмото тој вели дека наводно размислувал да се убил, а неговата заштеда да им ја остави на жртвите.

–  Јас сум сексуален предатор, потребна ми е помош. Не знам зошто барав уште една жртва кога веќе имам две. Тие се тука затоа што направија грешка што седнаа во автомобил со непознат човек – напишал Кастро во писмото. Тој, исто така, напишал дека бил многу изненаден кога разбрал колку била млада Џина Дехесис, која била другарка на неговата ќерка.

 Полицијата се сомнева дека, покрај трите девојки, Кастро киднапирал и четврта, која ја убил. Се претпоставува дека станувало збор за Ешли Самерс, која исчезнала во 2007 година на истото место како и претходните три.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top