| четврток, 6 декември 2018 |

Психолозите советуваат: Граѓаните да останат смирени- без паника и со ладна глава

Без паника и со ладна глава. Колку и да е тешко ова да се постигне за време земјотреси како вчерашниот, психолозите порачуваат дека со паника граѓаните може само штета да си направат.

По вчерашната серија земјотреси граѓани немир несоница и несигурност ги зафати скопјани. Дел имаа непроспиена ноќ други ги напуштија домовите. Паниката придонесе граѓаните бегајќи од своите домови да се повредат и да завршат во болница.

Новите тресења на тлото денеска продолжија да го подгреваат стравот.

За да го надминат стресот психологот Мирјана Јовановска препорачува граѓаните да разговараат за тоа што ги мачи, да се движат меѓу пријатели и доколку за ден два не ја пребродат кризата да се обратат кај стручно лице.

Стравот од катастрофи е реален и е дел од нагонот за преживување да пробаме да се одбраниме и да се спасиме, но паниката е последица на фантазијата, помисла на најлошото – што би било кога би било – и затоа води до неразумни решенија, објаснуваат психолозите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top