Со воведувањето на идниот Европски механизам за регистрирање на странски посетители (ЕТИАС), влезот во земјите-членки во Шенген зоната ќе почне да се наплаќа, а тоа ќе донесе од 500 милиони до две милијарди евра годишно.
На иницијатива на Франција и на Германија, Европската комисија се подготвува да воведе механизам за задолжителна регистрација. Предлогот е инспириран од американскиот систем ЕСТА, а тоа ќе се однесува на граѓаните од државите кои не се земји-членки на Европска унија, а не им се потребни визи за влез во Шенген зоната, пишува Нова Македонија.
Граѓаните на земјите-членки на ЕУ ќе бидат поштедени од плаќање, во согласност со прописот за слободно движење.
Целта на проектот ЕТИАС, според иницијаторите е да се засили безбедноста на ЕУ, но неименувани извори тврдат дека и финансискиот аспект е важен, бидејќи проектот би можел да стане нов извор на приходи за ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Подгответе се за чекање на граница со часови – денеска стапуваат на сила новите шенгенски правила за влез во ЕУ
-
Додека профункционира новиот закон, стариот уште ги дрма сметките на граѓаните
-
Извршителите не смеат да земат за себе повеќе од 25% од долгот, ниту да блокираат сметки без најава
-
Побрзајте да ги намирите долговите, УЈП почнува со присилна наплата