| четврток, 6 декември 2018 |

Разорната моќ на депресијата низ фотографии „пред и потоа“

Депресијата може да влијае на луѓето на различни невидливи начини. На пример, кај некои луѓе ја убива желбата за убаво, исто и уредно.

Не, тоа не е мрзеливост. Ниту неуредност. Понекогаш депресијата ги прави невозможни и наједноставните задачи.

Овие две фотофрафии објавени на Имгур совршено илустрираат за што станува збор со фотографија од соба „пред и потоа“.

„Страдам од сериозна форма на депресија и навистина ми е тешко да чистам и да ги извршувам останатите домаши задачи“, напишала корисничка на Имгур.

sub-buzz-9892-1473352055-1_1000x0

На фотографијата се гледа соба прекриена со хартии, облека и други расфрлани предмети. Во ќошот има многу празни шишиња.

„Овој хаос владее во мојата соба седум месеци, зашто не можам да се натерам да го средам. Но, овој петок решив да го средам!“

На следната фотографија се гледа резултатот од лекувањето.

Fotke pre i posle koje ilustruju depresiju

„Конечно се гледа дека собата има и патос. Чао, хаосу. Знам дека ова не е којзнае каква победа, но мене ми е како куќа. Чувствувам неверојатен мир во моментов, па сакав да споделам со вас.“

Фотографиите се прегледани преку 300.000 пари, а коментарите се најчесто од луѓе кои го имаат истиот проблем.
_91029831_squalorsurvivors messyhouse

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top