| четврток, 6 декември 2018 |

Ревидираната Македонска енциклопедија ќе се објави наесен

vlado kambovski

Владо Камбовски, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), денеска во Дебар порача оти очекува исправките за Македонската енциклопедија да бидат завршени наесен.
– Новата редакција е формирана да ги направи потребните корекции и да се види дали таа енциклопедија ќе се издаде со ново издание или не, нормално со исправка на сите грешки кои беа констатирани. Но, таа работа беше со заклучоци на Собранието. Сега чекаме новата редакција да предложи нови заклучоци, Собранието да расправа за тоа, но редакцијата сè уште нема предложено заклучоци. Очекуваме исправките да завршат до есен –  изјави Камбовски.
Четиринаесет члена на МАНУ денеска имаа средба  со претставници на локалната власт и дебарски интелектуалци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top