| четврток, 6 декември 2018 |

„Златен лав“ за филмот „Жената што замина“

Наградата „Златен лав“ на 73. филмски фестивал во Венеција за најдобар филм ја освои „Жената што замина“ во режија на Лав Диаз од Филипините.

Наградата за најдобра режија ја поделија режисерите Амат Ескаланте од Мексико за филмот „Нескротени“ и Русинот Андреј Кончаловски за филмот „Рај“.

За најдобра актерка е прогласена Ема Стоун за улогата во филмот „Ла ла Ланд“, додека наградата за најдобар актер му припадна на Аргентинецот Оскар Мартинез за улогата во филмот „Почесен граѓанин“.

Режисерот Том Форд ја доби големата награда од жирито за филмот „Ноќни животни“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top