| четврток, 6 декември 2018 |

Мобилизирани екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување

zas6

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски синоќа одржа состанок со градоначалниците на општините на Град Скопје, нивни претставници, директорите на јавните претпријатија на Град Скопје и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје околу земјотресите што го погодија Скопје.

Како што соопштуваат од Град Скопје, Трајановски на присутните им ги пренесе заклучоците и задолженијата донесени на седницата на Управувачкиот комитет за справување со кризи.

Управувачкиот комитет за справување со кризи ги задолжи општинските кризни штабови да формираат екипи кои, заедно со стручните лица од ИЗИИС, ќе извршат увид во состојбите на терен во нивните општини, посебно на патната инфраструктура, водовод и канализација, инфраструктура поврзана со преносот на топлинска и електрична енергија, станбените згради и останатите објекти за домување.

Градскиот штаб за заштита и спасување е активиран од првиот земјотрес, додека од синоќа тој е целосно мобилизиран и ќе се следи состојбата на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top