| четврток, 6 декември 2018 |

Веспрем го победи Металург во СЕХА-Лигата

Актуелниот шампион на СЕХА-Лигата унгарски Веспрем од двете гостувања во Скопје се враќа со една победа. По вчерашниот пораз од Вардар, вечерва Веспрем го совлада македонскиот вицепрвак Металург со 23-20.

Изедначено беше до 24.минута кога беше 8-8, но до крајот на првиот дел гостите од Унгарија се одлепија на четири разлика (14-10). Оваа предност ја зачуваат до крајот на натпреварот. Марко Нелоски кај Металург со 4 гола беше најефикасен, додека Драган Гајиќ беше најефикасен на дуелот со 5 гола.
На вториот натптревар одигран денеска Горење го победи Нексе со 24-20.
Македонските екипи следните натпревари ги играат во вторник Вардар против ППД Загреб во Скопје, а Металург во среда ја пречекува екипата на Мешков Брест.
Вардар е прв на табелата со 7 бодови (3 натпревари), Цеље и Веспрем имаат по 6 бодови. Металург по два одиграни натпревара е без бод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top