
САД никогаш нема да ги заборават жртвите од нападите извршени на 11 септември 2001 година, порача денеска американскиот претседател Барак Обама во Пентагон, на комеморацијата по повод 15годишнината од најпогубните терористички напади на американско тло. Обама во Пентагон, во чија зграда на денешен ден пред 15 години удри еден од трите авиони, со кои управуваа терористите, нагласи дека американската разноликост „не претставува слабост, туку голема сила“.
Претседателот на САД претходно одржа едноминутно молчење во Овалната соба во 8:46 часот по локално време, а потоа во Пентагон положи венец кај споменикот на жртвите, соопшти Белата куќа. САД денеска одбележуваат 15 години од терористичките напади во кои загинаа речиси три илјади лица, а по повод одбележувањето е одржано едноминутно молчење на местото на кое некогаш се наоѓаше Светскиот трговски центар во Њујорк.
Едноминутно молчење е одржано во 8:.46 часот по локално време, кога пред точно 15 години првиот киднапиран авион удри во северната кула на Светскиот трговски центар. Пред стотиците членови на семејства на жртвите и официјални лица потоа беа прочитани имињата на загинатите. Стотици лица се очекуваат и на комеморативниот собир во Меморијалниот центар во Шенксвил во Пенсилванија, каде се урна третиот авион.
Американските претседателски кандидати Хилари Клинтон и Доналд Трамп направија привремена пауза во својата предизборна кампања за да присуствуваат заедно со членовите на семејствата на жртвите во Националниот меморијален центар, кој се наоѓа на местото на кое на 11 септември 2001 година беа урнати кулите близначки
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


