Американецот Глен Барбер заработил големо богатство „ловејќи“ голф топчиња. Кога останал без работа пред 10 години, тој се сетил на генијална идеја, која подоцна го направила богат човек.
Тој почнал да ги собира топчињата за голф, кои завршувале во езерото близу неговата куќа на Флорида, по лошите удари на голферите.
Подоцна ја проширил својата дејност на целата територија на оваа американска држава. Познато е дека голфот е еден од најпопуларните сопртови во САД и е хоби на огромен дел од Американците. Според сопствени проценки, Глен годишно собира меѓу 1,3 и 1,7 милиони топчиња. Потоа тој ги чисти, па ги продава за еден долар парче.
На овој начин од 2002 година успеал да заработи околу 15 милиони долари. При тоа не смее да се занемари ниту еколошкиот аспект од неговата работа.
– Пронаоѓав парчиња мебел, колички за голф, косилки, но се сретнав и со безброј алигатори, раскажал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)