Убавата сопруга на познатиот актер Бред Пит, актерката и режисерка, Анџелина Џоли, веќе подолго време има проблеми со здравјето и килограмите. Многумина тоа го препишуваа на Бред, додека други шпекулираа дека намерно се изгладнува.
Сепак таа конечно полека се враќа во нормала. Пред два дена присуствуваше на една конференцијата во Лондон, каде зборуваше како амбасадор на Организацијата на Обединетите Нации, а изгледаше многу подобро од последните фотографии на кои нејзините фанови можеа да ја видат.
На актерката килограмите највидливи се на нејзиното лице, а Анџелина во текот на конференцијата била цело време добро расположена и насмеана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.