Шведскиот град Малме, центарот на европската песна годинава, живее во духот на геслото на годинешниот Евросонг. Секое слободно место е обележано со зборовите „Ние сме едно“ и Пеперутката- симболот на фестивалот. Така, покрај рекламните паноа, на секое слободно место има по некоја шарена пеперутка или насмеан лик со нацртаната пеперутка во боите на знамињата на учесниците.
Во меѓувреме се поставува бина на централнот плоштад каде на голем екран ќе се следат трите музички вечери.
За Република од Малме,
Наум Стоилковски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.