| четврток, 6 декември 2018 |

Неочекуван пад на германскиот извоз во јули

Германскиот извор неочекувано паднал во јули, најсилно во речиси една година, а надолна патека имал и увозот, навестувајќи го слабиот почеток на третиот квартал за најголемата европска економија по британскиот референдум за напуштање на Европската унија.

Десезонираниот извоз во јули за 2,6 отсто во однос на претходниот месец, покажале дека податоците на државниот завод за статистика, најмногу од август 2015 година. Економистите коишто претходно ги анкетираше Reuters, очекуваа негов раст за 0,25 отсто.

Десезонираниот увоз, исто така, падна на месечно ниво, иако за поскромни 0,7 отсто. Економистите опфатен со споменатата анкета на Reuters, пак, очекуваа раст од 0,8 отсто.

Поради неочекуваниот пад на извозот десезонираниот трговски вишок се лизнал во јули на 19,4 милијарди евра, од надолу ревидираните 21,4 милијарди евра, колку што изнесуваше во јуни.

Деталните сезонски неприлагодени податоци покажуваат дека најмногу паднала побарувачката на германските производи во земјите надвор од Европската унија. Така извозот во ткн трети земји, меѓу кои се Кина, Русија, Јапонија и САД, потонал на годишно ниво за 13,8 отсто. Паднал и германскиот извоз во земјите во ЕУ кои не се членки на еврозоната, меѓу кои и Велика Британија, и тоа за 8,8 отсто.

Владата во Берлин очекува дека домашната побарувачка ќе биде единствениот придвижувач на економскиот раст оваа година, За 2016-та предвидуваат стапка на економскиот раст од 1,7 отсто, којашто следната 2017 година според нивните процени би требала да лизна на 1,5 отсто.

Економскиот институт DIW објави во четвртокот уште попесимистички прогнози, според коишто стапката на растот на германската економија во 2017 година би требало речиси да се преполови, имајќи предвид дека извозниците ќе ги погоди британското излегување од ЕУ и другите ризици.

„Извозот сигурно нема да биде придвижувач на германската економија следните месеци. Светскиот економски раст е анемичен, а подзапира и позитивното влијание на послабиот евра“, вели Ралф Солвеен, економист „Commerzbank“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top