Францускиот актер Жерар Депардје го критикуваше Кустурица во очи на премиерата на неговиот филм „На млечниот пат“ на фестивалот во Венеција.
-Кустурица е обичен преварант, фикција, лажов, Тој сака да биде „Циган“ , а тоа не е. Сака и да е Србин, а ниту тоа не е. Единствено е кошмар од лик, се кај него е лажно- го нападна Депардје Кустурица, не одбирајќи зборови.
-Ја предупредив Моника Белучи за него. И реков дека е апсурд да работи со него. Добро ја познавам, таа е паметна жена, убава, сензуална, не можам да разберам како прифати да снима филм со таков тип. Тој нема синтеза, кај него ништо не постои освен лаги и превари. Воопшто не сакам да зборувам за него- посочи францускиот актер на крај од последното интервју во очи на премиерата на новиот филм на Кустурица каде главна женска улога игра Моника Белучи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За малку убиени – Кустурица и Чолиќ се нашле на место на мафијашка пресметка
-
Кустурица: Да не беше Кастро, во Патагонија ќе се зборуваше англиски
-
Кустурица: „На млечниот пат“ е мој политички тестамент
-
Чудесната судбина на најпознатата скопска гатачка: Го освои Кан со Кустурица, па ја осудија за трговија со деца